На 3 јули 2013 година во 11:00 часот, Здружението за Локален Рурален Развој како партнер на УСАИД - Проект за експанзија на мали бизниси во иницијативата за создавање на работни места и економски раст на регионално ниво (Полошкиот регион и Пелагонија), ја посетија работилницата на г-ѓа Рабије Синани во село Камењане. Оваа посета беше дел од иницијативата на Проектот за идентификување на можности и градење на капацитети за женското претприемништво. Посетата беше придружувана од г-ѓа Рабије Синани, сопственик на Работилницата, 10 жени обучени од страна на Рабије, г-дин Хазби Идризи (градоначалникот на Боговиње), претставници од УСАИД и г-ѓа Санела Шкријељ (Здружение за Локален Рурален Развој).
Една од можностите идентификувани од страна на ЗЛРР е оваа мала компанија во сопственост на една жена во село Камењане, која произведува колачи и торти. Бизнисот започнал како идеја на една жена и во текот на годините прераснал во една мала компанија која во текот на сезоната (за време на традиционалниот период на свадби, мај-август) успева да направи до 25 торти на ден. Со цел да го зголеми својот капацитет, таа имала потреба од дополнителни инвестиции во опрема, како и квалификувана работна сила. ЗЛРР дополнително утврди дека со купување на 2 парчиња опрема, една комора за складирање и ламинатор за тесто, компанијата може да го удвои своето производство, а со тоа доаѓа и потребата за поголема работна сила. Бидејќи ова е јасна можност за отворање на работни места за жени, Проектот на УСАИД ја поддржи иницијативата со купување на потребната опрема за компанијата, која за возврат треба да даде простор за обучување на 20 жени. Десет од овие жени ќе бидат ангажирани за време на сезоната, додека остатокот, со помош на ЗЛРР ќе бидат охрабрени да започнат свој сопствен бизнис.
На 8 Мај 2013 во Маврови Анови се оддржа работилница од страна на Initiative-Women Entrepreneurship Association во соработка со ЗЛРР и USAID SBEP за основање на Здружение на Жени во Бизнисот. Со оваа работилница дефиниравме мисија, визија и план за понатомошно функсионирање на Здружението.
ИЗВЕСТУВАЊЕ
На 30 Април со почеток во 11:00 часот, во Клубот на новинари во Скопје, Здружение за Локален Рурален Развој ја потпиша Изјавата за соработка и разбирање помеѓу Здружението за Локален Рурален Развој, Милиеуконтакт Македонија и општина Боговиње како партнерска општина во проектот на УСАИД – Општински стратегии за климатски промени.
Основната цел на проектот на УСАИД за Општински стратегии за климатски промени е насочена кон подготовката на општините за подобро справување со предизвиците предизвикани од климатските промени, а со посебен фокус на подобрувањето на локалните демократски процеси и зголемувањето на нивниот капацитет за прилагодување кон климатските промени.
Пристапот на проектот во кој учестува Здружението за локален рурален развој, има за цел да одговори на потребата за зајакнување на граѓанското општество и потребата да се подигне свеста, зајакнувањето на активизмот, како и да се зајакне локалната отпорност кон глобалните климатски промени. Користејќи иновативна методологија наречена Метод на Зелена Агенда (ЗА), овој проект предлага да се донесат заедно чинителите, вклучувајќи ги граѓанските организации, граѓаните, приватниот сектор и општинските власти, да се развие стратегија базирана на консензус и акционен план за решавање, адаптација кон климатските промени и ублажување на нивните ефекти.
Предавање – Здравјето на жената “Медикаментозен Абортус”
На 24.04.2013 во Општина Брвеница, беше оддржано предавање на тема Здравјето на жената – Медикаментозен Абортус. На настанот беа присутни голем број на жени заинтересирани за оваа тема, Др. Снежана Георгиева – обучувач, претставник од Хера-Асоциајција за Здравствена едукација и истражување, и претсатвници од ЗЛРР-Здружение за Локален Рурален Развој.
KICK OFF EVENT
Здружението за локален рурален развој, како партнер на Стопанската комора на Северозападна Македонија и Агенцијата за регионален развој Сенек - Пезинок од Словачка, организира презентација на проектот: "Подобрување на потенцијали за вработување на жените од етничките заедници на пазарот на трудот", поддржан од Европска Унија, Министерството за финансии и ЦФЦД (централно финансирање и склучување на договори).
Проектот ќе ги вклучи Полошкиот регион, Скопје, Кичево и Струга, а неговата примена започна од 5 Ноември 2012, со времетраење од 15 месеци, до 5 Февруари, 2014 година.
Настанот ќе се одржи на 30 јануари 2013 година (среда), во Вилсон Колеџ во Брвеница - Тетово, 11:00-12:30.
ЗЛРР, ЕДНА ОД ГРАНТИСТИТЕ НА ЦИРА
Во 2013 година, Здружението за локален и рурален развој продолжува да работи на остварување на своите стратешки цели и задачи. Глобалните активности на организацијата во периодот Јануари-Декември 2013, се распределени во 4 програми, и тоа:
I. ПРОГРАМА: Добро владеење и родова рамноправност во руралните средини
II. ПРОГРАМА: Жените и економијата
III. ПРОГРАМА: Младите во рурален развој
IV. ПРОГРАМА: Развој на општествена одговорност кај локалната бизнис заедница во Полошкиот регион
"Едукација, Вработување и Еднаквост за Жени од Етнички Заедници"
Здружението за локален рурален развој во соработка со Стопанската комора на Северо-западна Македонија и Агенцијата за регионален развој Senec - Пезинок, Словачка почнуваат со имплементација на нов проект "Едукација, вработување и еднаквост за жените од етнички заедници", финансиран од Оперативната програма за развој на човечки ресурси 2007 - 2013 Инструментот за претпристапна помош (ИПА).
Проектот ќе се спроведува во регионите на Скопје, Полог, Кичево и Струга.
Општата цел на проектот е да се олесни интеграцијата на етничките малцински групи на албански, турски и босански жени во избраната територија, на пазарот на трудот, преку зајакнување на нивните потенцијали за вработување и промовирање на еднаквите можности и родовата еднаквост за етничките жените на локално ниво преку отворање на нови можности за учење наменета за нивните индивидуални потенцијали за стекнување работа.
Главни резултати на овој проект се:
*Развиени и спроведени општите и посебните наменети обуки;
**Креирани врски меѓу жените и потенцијалните работодавци и подобрена соработка на сите релевантни чинители;
***Основан првиот пилот рурален Инкубатор за жени, вработени обучени и способни за извршување на услуги за start-up жени лидери на бизнис.
ЗАВРШЕН НАСТАН НА ПРОЕКТОТ “РОДОВА РАМНОПРАВНОСТ ВО РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ“
Во петок, 11 јануари 2013 год, во 10:30, во ЕУ инфоцентарот, се одржи завршна конференција на проектот “Родова рамноправност во руралните средини“.
На настанот присуствуваа:
НЕ г-дин Аиво Орав, Шеф на Делегацијата на ЕУ
Г-ѓа Елена Грозданова, Државен советник за родова еднаквост, Министерство за труд и социјална политика
Г-дин Хазби Идризи, Градоначалник на Општина Боговиње
Г-дин Енвер Пајазити, Градоначалник на Општина Брвеница
Г-дин Енвер Кадрија, Градоначалник на Општина Врапчипште
Г-дин Фатмир Изаири, Градоначалник на Општина Желино
Г-ца Санела Шкријељ, Координатор на Здружението за локален рурален развој ги презентираше препораките за поквалитетно спроведување на Законот за родова еднаквост на општинско ниво.
Денот на човекови права и доделувањето на Нобеловата награда на Европската Унија
Тимот на ЗЛЛР на настанот организиран од Делегацијата на Европската Унија по повод Денот на човекови права и доделувањето на Нобеловата награда на Европската Унија
Демографските политики и родовата еднаквост во Република Македонија:
Демографските политики и родовата еднаквост во Република Македонија: Мерките за унапредување на еднаквоста помеѓу жените и мажите како мерки за зголемување на наталитетот (превземи документ)
Предлог мерки за унапредување на демографската политика (превземи документ)
Алфа ТВ: Женските здруженија со предлог мерки за наталитетот
НуклЕУс на промени - Жените во општеството
Погледнете го видеото: Видео Линк (кликнете)
Општините од полошкиот регион креираат 3 годишни акцијски планови за еднакви можности за жените и мажите
Од 8 октомври 2012, ЗЛЛР и експертскиот тим на обучувачи од Центарот за институционален развој (ЦИРА), започнаа со посети на општините вклучени во проектот “Родова еднаквост во руралните средини“, поддржан од ЕИДХР програмата на ЕУ.
По завршените обуки, претставниците на Комисиите за еднакви можности, од општините Боговиње, Брвеница, Желино и Врапшиште, започнаа со креирање на општинските акцијски планови за еднакви можности за жените и мажите. По СВОТ анализите, се дифираа и стратешките приоритети и активности за периодот 2013- 2015. Посебно внимание се осврна на утврдување на одговорните институции, распределување на ресурсите, но и дефинирање на реални и мерливи индикатори.
На 15 октомври се одржа работна средба во општина Брвеница; додека на 19 октомври планирани се средби со членовите на комисиите во општина Желино; на 22 октомври е последната во општина Врапчиште.
Откако ќе бидат финалзирани, акцијските планови ќе бидат доставени до општинските совети за одобрување. Одобрените планови ќе бидат испечатени и дистрибуирани до општините и останатите релевантни инстутуции, по што можно е веќе и конкретизирање на некои од предложените активности. Започна креирањето на новите акциски планови за родова еднаквост во Боговиње, Брвеница, Врапчиште и Желино
Во рамките на Проектот Родова еднаквост во руралните средини, на 30/ 31 август 2012, ЗЛЛР ја организирасе дво дневна обука за креиранје на опстински акцијски планови за родва еднаквост. Според проектниот план, планирано е да се изработат нацрт акцијски планови во секоја од вклуцените опстини (Боговинје, Врапцисхте, зелино и Брвеница), кои сто се базирани на реалните потреби, прилагодени на мозностите за релазацијја, со кои сто ке се постигнат подолгороцни промени. Овие акцијски панови ке бидат доставени до опстиниските совети за одобрување.
Јавна Расправа на Национална стратегија за спречување и заштита од семејно насилство 2012-2015
Претставници од Здружението за Локален Рурален Развој учествуваа во Јавната Расправа на Национална стратегија за спречување и заштита од семејно насилство 2012-2015, која се одржа на 28 Јуни 2012, во Собрание на Република Македонија, која се одржа во организација на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите.
Изминатите неколку години се зголемува евидентирањето на случаите на семејно насилство проследено со зголемено казнено процесуирање на бројот на регистрирани сторители.
Во првото тримесечие од годинава евидентирани се 134 кривични дела извршени при семејно насилство, што е 9 проценти помалку во споредба со истиот период минатата година.
Министерoт за труд и социјална политика Спиро Ристовски потенцираше:
“Заради заштита на жртвите преземавме активности за унапредување на граѓанско-правниот и казнено-правниот систем во Македонија, а во 2008 година се воедначи дефиницијата на семејно насилство со Кривичниот законик”.
Родова рамноправност – Законска рамка во Република Македонија
Здружението за локален рурален развој во рамките на проектот Родова рамноправност во рурални заедници, финансиран од ЕУ, организира еднодневна работилница на тема Родова рамноправност – Законска рамка во Република Македонија. Работилницатa се оддржa на 11 Јуни, 2012 година, во општина Боговиње, село Камењане со почеток во 12 часот. Учесници на работилницата, беа членовите на Комисиите за еднакви можности од општините Боговиње, Брвеница, Врапчиште и Желино.
Г-ѓа Елена Грозданова која е најдиректно упатена и надлежнa за оваа тематика, го претстави пред членовите Законот за Еднакви Можности како и националните политики и програми врзани со нивната работа.Членовите имаа можност да дискутираат и да постават прашања на крајот на работилницата, споделија мислења и дадоа коментари за целото предавање.
Еден за сите, сите за за природата
Во среда, 6 јуни 2012, , во основното училиште “7-ми март“, во с.Челопек, општина Брвеница, Здружението за локален рурален развој, го организираше настанот насловен “Еден за сите, сите за за природата“. Настанот беше поддржан од Норвешката Амбасада, преку програмата за мали грантови.
Цел на настанот беше промоција на позитивните аспекти на интер-етничката различност преку активности на учениците од основното училиште. Повеќе од 100 ученици беа вклучени во настанот. >>> повеќеПотребите на руралната жена презентирани на средбата со делегацијата на ЕУ во Боговиње
На 25 мај, 2012, караванот на ЕУ ја посети Општина Боговиње. Градоначалникот Хазби Идризи беше домаќин на средбата на која што учествуваа Амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав, Министерката за Евро Интеграции, Теута Арифи, Раководителот на ЕИДХР програмата, Ирена Иванова, како и други преставници на канцеларијата на ЕУ во Македонија.
Претседателот на Здружението за локален рурален развој (ЗЛЛР), Санела Шкријељ, исто така пристуствуваше на средбата.>>> повеќе Еднаквоста помеѓу половите, долгорочна цел на руралните заедници
Учесниците на обуката “Дефинирање на основните концепти на родовата еднаквост“ која што се одржа во Маврово, на 26/ 27 април 2012, истакнаа дека еднаквоста помеѓу половите мора да биде приоритиет на општинско ниво, иако за да се постигне напредок потребна е целосна посветеност и посебен буџет. Оваа е прва, од четирите предвидени обуки, кои што се организирани во рамките на проектот “Родова рамноправност во руралните средини“, поддржан и финансиран од ЕИДХР програмата на ЕУ.>> повеќе
Средба на општините вклучени во проектот “Родова рамноправност во руралните области“
На 28 март 2012, во општина Брвеница, Здружението за локален рурален развој, ја организнираше првата работна средба помеѓу, општините вклучени во проектот, “Родова рамноправност во руралните зони“, поддржан од ЕИДХР. На средбата присуствуваа претставници од: комисиите за еднакви можности, канцелариите за локален рурален развој, претставници од општинските совети и невладиниот сектор, од општините Брвеница, Боговиње, Врапчиште и Желино. >>> повеќеМарт 2012, “Родова Рамноправност во Руралните Средини”
На почетокот на месец Март, Здружението за Локален Рурален Развој одржа серија одделни средби со членовите на Комисиите за Еднакви Можности од општините Желино, Брвеница, Боговиње и Врапчиште, за презентирање на проектот "Родова Рамноправност во Руралните Средини." На овие средби, членовите на комисиите беа запознаени со целите и активностите на проектот и беа информирани за нивното активно вклучување и конкретни обврски во однос на реализацијата на проектот.
Како резултат на овие средби, на крај на месецот ќе биде организирана координативна средба каде ќе бидат поканети да присуствуваат сите членови на Комисиите за Родова Eднаквост од општините, представници од локалните власти и представници од локалните НВО. На координативната средба ќе се дефинира практиката на понатамошното дејствување, конкретните обврски на сите учесници за реализирање на проектните активности и распоредот на активностите.